
Ветено – сторено. По реакција на МНет Телевизија, ЈП „Стипион“ веднаш се на терен. Дождот утринава остави наноси од песок и камења, а граѓаните реагираа до нашата редакција оти истите веќе во неколку наврати ги чистеле сами. Директорот Коштанов, пак, посочи дека има таква пријава и вети дека екипите ќе ги чистат последиците од дождот. Вакви проблеми имало и на повеќе места во градот, а екипите веќе се занимавале со проблемите на некои локации.
Веќе по неколку часа на ул. „Коле Неделковски“ во населба Леваци екипите на ЈП со итна интервенција постапија кон проблемот. Камењата и песокта веќе ги немаше, а улицата беше чиста. Ветувањето – исполнето, а граѓаните – задоволни.
Ребека Спасова МНет