Ем за живот се работи, ем граѓаните не ги знаат броевите за итна помош

Страшна сообраќајна незгода во центарот на Штип, неколку повредени лица, потреба од интервенирање на противпожарната територијална единица, очевидци многу, но и проблем, бидејќи поголемиот дел од граѓаните кои се нашле на местото на незгодата не ги знаат броевите на полицијата, брзата помош, и противпожарната единица. Времето за брза интервенција поминува, последиците – сериозни. Ова е само пример што би се случувало во еден незгоден момент како овој. Граѓаните на Штип, пред сè, повозрасното население велат дека броевите за брза интервенција им се запишани, но во моментот не ги знаат на памет.

„Па види, вообичаено, се јавуваме на 193, па тие нè проследуваат ако треба на друго место да се јавиме. Инаку, останатите броеви не ги знам на памет.“
„Брзата помош – 124 и 122 за полиција. Другите не ги знам.“
„Сите броеви за итна помош, полиција, не ги знам, а ги имам запишано дома.“
„Не ги знаеме.“

Најчесто граѓаните се јавуваат на бројот кој го знаат во моментот без разлика во која служба ќе е тоа и чекаат понатаму да ги упатат каде што е потребно. Инаку, за службите на полицијата се користи бројот 192, 193 за Пожарна и 194 за Брза помош.

Лаура Стојанова МНет