Јован Качевски од Струга главна свирка на натпреварот Брегалница – Шкендија

Утре, среда на програмата ќе бидат натпреварите во рамките од Вонредното трето коло во Првата Македонска фудбалска лига а во пресрет на репрезентативките обврски на Македонија и квалификациите за СП Катар 2022 на 2 септември со Ерменија во Скопје и на 5 септември во Рејкјавик против Исланд. На „градски“ во Штип тимот на Брегалница ќе ја пречека актуелната шампионска екипа на Шкендија која во оваа сезона е вистинска „боксерска“ вреќа за екипите како од Европа така и од Македонија во овие први две кола. Сите во Штип се во очекување на првата прволигашка победа без разлика на рејтингот на Шкендија, бидејќи Брегалница има проверено стручно раководство, одлично потковани играчи кои би дале се од себе за да го матираат незгодниот противник и да ги израдуваат своите симпатизери. Веќе се делегирани и официјалните лица за утрешните натпревари а главна свирка на „градски во Штуп ќе биде Јован Качевски од Струга со помошниците Куштрим Лика од Кичево, Слаѓан Маркоски од Гостивар и Игор Иванов од Велес како четврти судија. За Контролор е делегиран Златко Неделковски а Делегат ќе биде Тони Николовски и двајцата од Скопје.Еве ги комплетните парови за ова трето Вонредно коло:

  1. Брегалница – Шкендија
  2. Работнички – Струга ТЛ
  3. Тиквеш – А.Пандев
  4. Ренова – Борец
  5. Македонија ЃП – Скопје
  6. Пелистер – Шкупи

Сите натпревари ќе се одиграат во среда 18 август со почеток во 17.00 часот со напомена дека на трибината ќе бидат присустни 30 % навивачи со сезонски карти и со традиционални карти кои ќе бидат во оптек од 16.00 часот.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk