
По одговорот на директорот на НУЦК „Ацо Шопов“ во врска со отказното решение на Владимир Тулиев, ситуацијата од своја страна ја објасни и актерот. Тој потврди дека решението е пристигнато на негова адреса, а за истото не бил предупреден од дисциплинската комисија на чиј состанок присуствувал.
Тој имал добиено и решение за одмор, но сметајќи дека отказното решение е со поголема сила, веднаш побарал правни совети за да го обжали.
На прашањето за причините за добиеното отказно решение тој посочи дека се сомнева на еден минат конфликт со директорот. Од тогаш односите се нестабилни, зашто директорот се сомневал на намерно саботирање на претстава со боледување.
Владимир посочи дека нема да застане на отказното решение. Истото ќе го обжали, а ќе ги преземе и другите потребни постапки, бидејќи смета дека решението му е дадено неправедно.
Ребека Спасова МНет