
Македонските фудбалски второлигаши со нетрпение ја очекуваат ждрепката за распоредот на првенството во Источната и Западната група. Познато е дека во двете втори лиги ќe настапуваат по 10 екипи а сензационално е тоа што наjтрофеjниот македонски клуб Вардар од Скопје падна на најниските гранки и за прв пат ќе настапува како второлигаш. Во Источната второлигашка група ќе настапуваат следните екипи: Кит Го Пехчево, Кожуф, Слога Виница, Каменица Саса, Победа, Осогово, Братство Житоше, Беласица, Детонит и Локомотива од Градско.
Во Втората лига – Запад се следните екипи: Вардар, Силекс, Охрид, Воска Спорт, Беса, Велешта, Гостивар, Кораб, Тетекс и Кадино.
Инаку спортската редакција на Мнет ТВ и на каналот Мнет Спорт минатата година благодарение на одличната соработка со раководството на ФФМ вршеше директни преноси на натпреварите од „истокот“ и тоа од сите градови и таа пракса ќе ја продолжиме и во новата сезона со надеж дека ќе добиеме лиценца за пренесување на натпревари и од западната Втора лига на Македонија. Како што е познато правата за преноси на Првата Македонска фудбалска лига ги има МТВ.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk