
Изгаснат пожарот над штипските села Драгоево и Селце. Како што рече командирот на ТППЕ Штип, Тони Атанасов, по дојавата за пожар екипите се алармирале. Пожарникари од ТППЕ Штип и ЈП Серта успеале да го дојдат до опожарениот простор и целосно да го изгаснат.
Пожарот бил околу 5 км одалечен од селото Драгоево, па истиот не претставувал закана ниту за селата. Запалена била нискостеблеста шума на самиот врв, а пожарот полека се ширел во текот на ноќта. Како што рече Атанасов, пожарот е изгаснат, но не значи дека истиот нема да се активира повторно. Поради тоа, местото се надгледува.
Инаку, ова е втор ваков пожар во штипскиот регион. Претходно пожар избувна во штипското с. Доброшинци, каде пожарот прво беше изгаснат, а потоа повторно се активираше. Таму интервенција имаа и волонтерите од Црвениот Крст Штип.
Граѓаните им рекле дека пожарот не стигнал до домовите, но тие поделиле вода на семејства од две викенд куќи кои помогнале во гаснењето.
Засега активни пожари во околината на Штип нема, но претходните жариште се надгледуваат за да не дојде до повторно избувнување.
Ребека Спасова МНет