Зградите во Штип пливаат во фекалии

Поплавени се подрумите на повеќе станбени згради во населбите Балканска, Осми Ноември и Центар. Нашата екипа беше на терен во зградата на ул. „Страшо Пинџур“ бр. 6., каде неподносливата миризба се ширеше низ целото маало. Освен што не можат да влезат во своите подруми, тамошните жители се жалат и на непријатна миризба од фекалии. Од канализационата мрежа, фекалиите се излеале директно во нивната зграда. Зад камерите на МНет Телевизија жителите рекоа дека решение за проблемов барале од ЈП „Исар“, но тие веќе некое време не им излегуваат во пресрет. Им велеле дека ќе пратат возило, а потоа напоменале дека возила немаат. Ситуацијата е непријатна, велат тие, па бараат итно решение од надлежните.

За ваквата ситуација одговор побаравме од директорот на ЈП „Исар“, Здравко Коцев, кој рече дека под надлежност на нивното претпријатие е само грижата за чистотата на парковите и улиците.

„ЈП „Исар“ се надлежни за чистотата на градот, но не и за внатрешноста на зградите во истиот. Може да помогнеме, ама не сме надлежни.“ – додаде Коцев.

Ребека Спасова МНет