
Повторно активен пожарот кај с. Добришани во Криви дол. Пожарот таму избувна пред два дена, а во текот на вчерашниот ден истиот беше изгаснат. Градоначалникот на Општина Штип, Сашко Николов, рече дека пожарникарите се справиле со огнените јазли таму и екипата на ТППЕ Штип само го контролираше теренот. Сепак, во раните утрински часови повторно се гледаше чад, а огнот се разгоруваше.
За пожарот кој таму беснееше во текот на претходните два дена разговаравме со Костадин Петков, кој бил таму кога пожарот почнал да се разгорува. Тој вели дека истиот на почетокот бил далеку и не изгледал застрашувачки, но бргу се разгорел и му се заканувал на селото.
Тој вели дека тие се обиделе да ги контактираат службите. Прво не успеале, но кога дошле противпожарното возило имало проблем. Гасењето го отежнало и тешко пристапниот проблем, поради што имало потреба од теренски возила.
Што и да се случи, вели Костадин, нема да може да се интервенира таму. Жителите од селото не бараат асфалт, но доволно е да се израмни патот, што е во корист на нивната безбедност.
За среќа, пожарот не дошол до селото, но опасноста била голема. Како што вели Костадин, трева во селото има изобилство, па целото би пламнало во пламен.
Засега пожарот не е опасен поради и истиот не се доближува до магацините во с. Криви дол. Меѓутоа, екипи на Армијата се во приправност за интервенција доколку истиот се доближи. Местото го обиколат екипи од ТППЕ Свети Николе и Армијата, а интервенираат и 3 пожарникари од ТППЕ Штип со 1 ПП возило.
Ребека Спасова МНет