
Повторно ставена во функција модуларната болница во Штип. Со намалувањето на бројот на нови случаи на КОВИД – 19 во претходните неколку месеци истата беше празна. Во последниве неколку дена, пак, бројот на новозаразени се движи помеѓу 40 и 60, а пред два дена достигна и до 70. Поради тоа сега во Штип сè повеќе пациенти имаат потреба од болничко лекување, па модуларната болница повторно се активираше.
Во текот на вчерашниот ден во Штип биле хоспитализирани двајца нови пациенти позитивни на КОВИД – 19, а и потреба од кислородна поддршка имале исто така двајца пациенти. Со тоа засега во Штип има 3 активни случаи.
Во Кочани сè уште нема потреба од повторно активирање на модуларната болница.
Инаку, во општините од Истокот активни се вкупно 12 пациенти. Од нив 3 во Штип, 5 во Кочани, 3 во Берово, 1 во Делчево и 2 во Кочани. Во Виница, Пробиштип и Македонска Каменица засега нема активни случаи на КОВИД – 19.
Лаура Стојанова МНет