Кочанскиот и штипскиот регион втор ден под пламен, беснеат пожари на повеќе локации

Беснеат пожари во кочанско штипскиот регион. Во текот на вчерашниот ден гореше сува трева но и борова шума на Осоговските планини, во село Бање и во атарот на Општина Чешиново Облешево. Противпожарната територијална единица Кочани за да се справи со пламените јазли на трите локации помош побара и од колегите од Виница и Штип. Градоначалникот Илијев, истакна дека причините за пожарите како и материјалните штети допрва ќе се утврдуваат.

„ Беше зафатена огромна површина на сува трева, ниски растенија и секако дел од боровата шума. Територијата е огромна проценките во моментот се прават.“- истакна Николчо Илијев, Градоначалник на Општина Кочани

Територтијалната противпожарна единица Штип освен што реагирале на пожарот во село Бање кочанско со едно теренско возило и тројца пожарникари, утринава интервенирале и на пожар во Крупиште и во село Пиперово.

„И денешниот ден беше исполнет со активности имавме неколку интервенции, сега екипата се врати од гасење на пожар во атарот на село Крупиште каде што беше зафатена и железничката пруга Штип Кочанигоре самите трагови на пругата. Успеавме да го локализираме пожарот и екипите се вратија во базата. Истовремено една екипа имаве повик каде што испративме една екипа во Пиперово која ќе ја процени ситуацијата. Се уште не се знае што гори“- кажа Тони Атанасов, Командир на ТППЕ Штип

Во меѓувреме пристигна информација дека пожар има и спроти фабриката за вода во Општина Кочани, но сеуште нема дополнителни информации.

Лаура Стојанова М-Нет