Жителите на Караорман наместо вода пијат „капучино“, директорот Коцев сади цвеќиња

Жителите од населба Караорман во овие пеколно жешки денови лишени од можноста да ја користат најосновната потреба за живот. И покрај приклучувањето на градската водоводна линија, тие посочуваат дека водата повеќе ја нема отколку што ја има, а и кога ја има не е чиста за пиење и употреба. Наместо вода од чешмите на овие жители како да тече капучино велат тие.

„Проблемот е тоа што често ЈП „Исар“ ни ја сопираат водата, а кога дојде е нечиста, мислиш „капучино“ тече. Црна е како јаглен. Значи, не сме задоволни. Проблемите се пријавуваат неколку пати, а Здравко Коцев не реагира. Тој сака да каже дека ние ја крадеме водата, дека имаме диви чешми, а ние тоа го немаме.

Жителите посочуваат дека не можат да си дозволат секојдневно да купуваат флаширана вода за користење. Препораките моментално се да се консумира повеќе вода, па како што велат тие со едно шише флаширана вода не можат да ги задоволат и најосновните услови за живот. Се снаоѓаат како ќе успеат. Според нив, корона вирусот нема да ги убие како нечистата вода за пиење.

Дополнително на ова во Караорман има и пукнато црево од кое постојано тече вода, секако кога е пуштена и ја има. Жителите велат дека неколку пати пријавувале во ЈП Исар, меѓутоа надлежните без преземани мерки. Денеска имаше траги од водата кај што си направила пат за минување, истата не течеше но затоа што беше сопрена и житлите немаа достапна вода. Дирекоторот на ЈП Исар Здравко Коцев истакна дека нема коментари за ситуацијата.

Лаура Стојанова М-Нет