Преку мирен протест пред домот на Бањеглав се побара крај на грабежот врз обичниот народ

Преку мирен протест денеска пред домот на Ристе Бањеглав од село Долни Балван 30 тина соселани пријателии познаници му дадоа поддршка со цел да се стави крај на лошото извршителско владеење во државата. Организацијата беше предводена од невладинита организација Стоп за грабежот, со цел да се спречи корумпираното и нечовечко владеење во државата и Бањеглав и ноеговото семејство да продолжат да живеат достоинствен живот во нивниот дом.

Ваквиот начин на извршување го нема никаде во светот истакна Глигорова, додавајќи дека доколку сакаме да бидеме членка на унијата мора да се решат одредени работи.

Бањеглав посочи дека до крај ќе се бори за неговиот дом и имот кој дупло повеќе го исплатил а сепак останал без него. Истовремено се заблагодари за поддршката која ја доби.

Преку протестот се повикува Јавното обвинителство да дејствува по пријавата, бидејќи според Глигорова ова ќе заврши во Стразбург и таму Бањеглав ќе го добие случајот, а срамот ќе остане за нашата држава.