
Деценискиот сон на штипјани за изградба на брана на река Отиња полека станува реалност. Денеска на почетокот на изградбата на браната присуствуваа премиерот Зоран Заев, вицепремиерот, претходниот и сегашниот градноачалник на Општина Штип, министри, пратеници, советници и директори на јавни претпријатија и институции. Штипјани чекале со години наназад за овој, сон според Заев остануваат само уште две ипол години.
Задоволството не го сокри и вицепремиерот Љупчо Николовски, кој во отпочнувањето на проектот за изградба на брана на река Отиња беше Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Придобивките за изградба на оваа брана се многубројни и доста значајни за штипјани но и за граѓаните од Истокот и регионот. И покрај негативните и песимистички мислења кои се добивале претхоно, Бочварски посочи дека со поддршка и работа успеале да стигнат до денешниот почеток на изградба на брана на река Отиња.
Нови моменти за уживање и рекреација покрај брана на река Отиња најави и актулениот градоначалник на Штип, Сашко Николов, псоочувајќи дека од денеска започна да се буди заспаната убавина во градот под Исарот.
Овој проект е со инвестициона вредност од 306 милиони денари средства обезбедени од Буџетот на Министерството за транспорт и врски, а се очекува да заврши за две до две ипол години.
Лаура Стојанова М-Нет