Хуманитарната мисија за малиот херој Јаков продолжува

Хуманитарната акција за малиот Јаков продолжува и понатаму сплотени сме сите  заедно  да му помогнеме на ова две годишното ангелче, кое на оваа мала возраст помина низ две тешки операции. Дури на  два пати оперативно му  беше  отстранет тумор при што за жал  го изгуби едниот бубрег. Поради специфичната здраствена состојба  низ која поминува малиот Јаков, тој  мора итно да замине  на лекување во Истанбул зашто  се потребни финансиски средства.

Малиот Јаков е роден на 11 март 2019 година  а на само десет месеци му се појавува тумор, па поради тоа го губи едниот бубрег.

„Кога бевме на контрола неколку дена пред тоа приметив тврдо стомаче за кое ја известив докторката, па известија дека повторно има тумор. Беа направени сите испитувања и се организираше операција за која истата беше направена.“ Изјавува, Јанакиев-мајка на Јаков

Мајката на Јаков, Елена полна со надеж и верување во Бог дека Јаков ќе оздрави и ќе се соберат потребните средства.

„Ни бараат поголема сума овде се и патните трошоци и сместувањето. Се надевам јас дека се ќе биде добро и успешно. И се надевам дека Јаков ќе го преброди ова.“Изјавува, Јанакиев-мајка на Јаков

Остануваме со надеж дека сите хумани луѓе ќе излезат во пресрет на оваа мисија и со свои доброволни прилози ќе придонесат за навремено собирање на неопходните средства потребни за негово лекување.

Жиро сметка: Стопанска Банка- 20000 148 174 0176/ Елена Јанакиев IBAN- MK0720000 387 639 2077 SWIFT Cod- STOBMK2X

Надица Стојковска/ М Нет