
Поранешниот тренер на ФК „Брегалница“ од Штип со УЕФА ПРО лиценца, Никола Кузманов е назначен за нов Шрф на Стучниот штаб на „Слога 1934“ од Виница. Според информациите од Никола Кузманов договорот е потпишан на верност кон виничкиот второлигаш во траење од една година. Први соработници на Никола Кузманов ќе му бидат Столе Ѓоргиев како помошен тренер, Тамер Јамаковски – тренер на голманите и Благој Ристевски како фитнес тренер кои подготовките за новата сезона ќе ги стартуваат во понеделник на 5 јули. Kолку за потсетување во изминатата сезона на Втората лига – Исток екипата на Слога го освои 4 место со 36 бодови колку што имаше и Кожув, но виничани имаа подобра гол разлика, штипска Брегалница беше прва со 73 бодови , Тиквеш втор со 63 бодови и тие веќе се прволигаши, а Кит Го го освои третото место. Вака остварениот висок пласман на Слога гаи надеж за сезоната која престои да атакува на самиот врв, зошто не и за првото место со цел за враќање на некогашната фудбалска традиција кога Слога беше респектабилен македонски фудбалски клуб.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk