
Раководството на ФК „Брегалница“ од Штип со полна пареа го надополнува списокот на играчи кои ќе ги бранат боите во прволигашкото јато. Во екипата на Брегалница договор за продолжување на верноста потпишаа Мартин Стојанов, Давид Денковски, Наумче Бакрачевски и Владимир Дујовски. Нови играчи кај штипските сини се Даниел Мојсов, Антонио Азиновиќ, Иван Минчев а од вчера во матичниот клуб се врати и Бобан Георгиев. Бобан Георгиев досега настапуваше за новиот првак на БиХ, Борац од Бања Лука се закити со шампионскиот пехар а кариерата ја продолжува во сега веќе прволигашка Брегалница. Инаку штипскиот прволигаш се наоѓа на подготовки во Пехчево и денес ќе го одигра првиот контролен натпревар против прволигашот Борец од Велес. На 10 јули фудбалската експедиција на Брегалница ќе се пресели во спортско – туристичкиот центар Златибор, Србија каде што веќе се закажани и неколку контролни средби, но за противниците и за термините дополнително ќе информираме. Што се однесува до стартот на прволигашкото првенство тоа ќе започне комбинирано на 7 и на 8 август оваа година.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk