Татко на четири малолетни дечиња има потреба од помош, да бидеме хумани и да помогнеме

Перо Рујковски е татко на четири малолетни деца. Заедно со своето сеејство живеат во Гевгелија. Тој е невработен, исто како и неговата сопруга која е со инвалидитет. Во пикот на корона пандемијата Рујковски дарува крва плазма за да помогне и да спаси човечки живот и тоа не еднаш туку четири пати. Неговата големина е забележана уште тогаш, бидејќи тој го прележал вирусот и знаејќи како е, помага на други луѓе. Во февруари месец годинава Рујковски си го повредил левиот лакт. Сега се потребни финансиски средства за претстојната операција која му е закажана во Систина на 19 јули. Секој кој сака и може нека донира.
Трансакциска сметка: 300037102853310 Комерцијална банка