
Мирисот на свежина по тригодишна пауза повторно го заплиска градскиот базен, сега во ново руво и име како Аква бела Ресорт во Штип. На почетокот на оваа летна сезона штипјани а поготово младите ќе имаат можност да изнајдат начин да се релаксиураат и да уживаат во благодетите на толку посакуваната дестинација – базенот. Под логото „ Научи да пливаш – 2021 “ веќе започнаа традиционалните изучувања и запознавање со пливачките тајни и вештиини.
Според планот и програмата се предвидени и активности и со центарот за дечиња со посебни потреби кои на овој начин им ги доближуваат водените забави на кои неизмерно им се радуваат.
Летниот период ќе се искористи и за одржување на тренажниот процес на пливачкиот клуб „Челични“ со настап на редовните државни првенства.
Летото започнува, водените „лудории“ ги мамат младите штипјани и тоа е убава можност за сите оние кои немаат можност да патуваат и да ги користат благодетите на познатите монденски места да си најдат своја утеха овде во врелиот во Штип.
Драги Герасаимов – Пушка Mnet.mk