Никола Смилков со своја самостојна изложба „Емоционални движења“ се претстави во Сплит-Хрватска

Никола Смилков е добро познато име на штипјани, но и надвор од Македонија. Во 1999 година дипломирал на Факултетот за ликовни уметности, во 2002 година магистрирал во областа на вајарството. Во 2012 година дипломирал на Педагошкиот факултет при Универзитетот „Св.Кирил Охридски“- Битола во областа Методика на ликовното воспитание. Редовен професор на Факултетот за образовни науки при Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип.

Зад себе учество на голем број меѓународни симпозиуми во рамки на скулптури и групни изложби во Словенија, Хрватска, Србија, Турција…… Добитник и на награда за скулптура „Димо Тодоровски“ од ДЛУМ во 2008 година и во 2017. Смилков се претстави со своја самостојна ликовна изложба во Сплит-Хрватска

„Импресиите се навистина големи и навистина ми претставува огромно задоволство што можев да го претставам во Сплит-Хрватска. На оваа самостојна изложба работев две-три години, а вкупно се 15 скулптури.“ Изјавува, Смилков

Оваа изложба е работена во последните две- три години со вкупно 15 скулптури

„Ликовната изложба се нарекува „Емоционални покрети“ во која се прикажени 15 скулптури секоја со своја емоција. И сеуште е претставена во Хрватска.“ Изјавува, Смилков

За изработка на скулптурите се зависи од нивната фигура и форма понекогаш за неколку денови а понекогаш може и со месеци. Димензиите ги бира самата форма во која е самата фигурација вели, Смилков

Вајарството како професија е малку застапено кај нас. Смилков со нови идеи и замисли кон нивно реализирање

„Да! Имам многу планови за во иднина и можам да ви кажам дека имам во најава за изложби и надвор од Македонија.“ Изјавува, Смилков

Надица Стојковска/ М Нет