
Се одбројуваат часовите пред историскиот старт на фудбалската репрезентација на Македонија на ЕУРО 2020 во кое групни два натпревари ќе се одиграат во Букурешт и еден во Амстердам. Денес со авион на Croatia Airlines од Скопје во Букурешт долетаа новинарите, дел од вработените во ФФМ и најбиските на фудбалерите. Прекрасна беше атмосферата сите заеднички да го „намирисаат“ европскиот фудбалски воздух за кои раководството на ФФМ ги заслужува сите пофалби и честитки. По едночасовен лет педантните домакини организираа транспорт со специјално подготвени автобуси кон одредените дестинации, односно хотелите и сето тоа координирано со портпароот на ФФМ Златко Андоновски. Патувајќи низ градот веќе налетавме на првите навивачи кои самоиницијативно дојдоа да ги бодрат македоските фудбалери френетично апаудирајќи кон „нашите“ автобуси. По приемот во хотелот новинарските екипи се упатија кон Националната арена во Букурешт со цел да се добијат неопходните акредитации. За жал времето, односно невремето си го направи своето. Едноставно се „отвори“ небото над Букурешт заврна силен и пороен дожд проследен со град и за околу половина час едноставно го „потопи“ главниот град на Романија. И покрај сите напори не успеавме да пристигнеме до одредениот центар (дознавме дека и тој е поплавен) и мораше да се враќаме назад. Добивме информација дека се одржа прес – конференција на нашата селекција на која свое видување пренесоа селекторот Игор Ангеловски и капитенот Горан Пандев, но за жал поради временските неприлики и оддалеченоста не можевме да присуствуваме.Во обидите за доаѓање до центарот за акредитација наидовме и на нашиот спортски колега Мијалче Дургутов кој е неизбежен декор на многу Светски и Европски првенства. Со еден збор првиот ден во Букурешт минува во една пријатна новинарска атмосфера во која сепак се надградуваат тефтерите, изртуваат првите написи и се праќат првите извештаи. Во очекување на утрешниот историски настап и средување со неопходните формалности и со желба за успешно европско деби, екипата на спортската редакција која е на лице место на настанот редовно и правовремено ќе ве информира.
Од Букурешт Специјално за Mnet TV Драги Герасимов – Пушка