
Кршењето на работничките права во држвата од страна на работодавачите се надоместува со парична глоба, но истата не е недостижна за работодавачите. Од овде се повеќе работници остануваат без своите права, а доколку сакаат да ги добијат истите мора да одат по судиски пат. А колку работник кој два три месеци не земал плата и приходи може да одвои време и финансиски средства за ваква постапка, за која не е сигурно дали ќе ја добие или не.
„Она што може да го направи Државниот инспекторат за труд е да констатира прекршување на работничките права, конкретно не исплатени плати и придонеси на плата, а подоцна дава рокови за исправување на тие неправилности, рокови кои се од 15 до 30 дена во зависност од тоа колку работници се опфатени и видот на прекршување, за подоцна едноставно да биде платена таа глоба која е минимална и после таа глоба работниците едноставно може да се упатат само на судска постапка“ – истакна претседателката на „Гласен текстилец“, Кристина Ампева.
Според „Гласен текстилец“ Државниот трудов инспекторат е со врзани раце и единствена опција за работниците да си ги бараат своите прва е преку судот. Од таму иницираат законски измени за зголемување на глобата на работодавачите кои ги кршат основните работнички права.
Вице премиерот за економиски прашања Фатмир Бетиќи, на вчерашната посета во Кочани истакна дека погодениот текстиле сектор се следи од нивна страна.
Од „Гласен текстилец потврдуваат дека бројот на работодавачи кои ги злоупотребуваат работничките парава е зголемен во изминатата година во време на пандемија.
Лаура Стојанова М-Нет