По првата одржана средба меѓу Николов и претставници од МНР, ќе се бара решение за топлата вода во Кежовица

Денеска во просторрите на Општина Штип се одржа првата општа средба, на која присуствуваа градоначалникот Николов како и претставници од Министерството за надворешни работи. Главна дискусија на средбата беше можноста за продлабочување на општина Штип и МНР, инвестиции во економијата животната средина и туризмот.

Средбата беше зачинета со изнаоѓање решение за топлата вода и изворите во Кежовица со цел Штип да биде туристичка атракција за спа туризам.

„На оваа средба конкретно со господинот Игор Попов, поранешен Амбасадор во Р.Словенија наидовме на решение на еден горчлив проблем, тоа е топлата вода во Кежовица и изворите. На негова иницијатива ќе имаме состанок во следните денови со цел Штип да биде туристичка атракција во спа туризмот.“ – истакна Николов.

Дискусијата на средбата беше насочена и кон можноста за извос од страна на компаниите кои работат со полна пареа. Предлозите и идеите произлезени од оваа средба ќе бидат дел од работната агенда на економсиките советници во нивната дипломатска мисија за привлекување на странски инвестиции и партнери, промоции на Република Северна Македонија како бизнис дестинација, истакна Николов.

Лаура Стојанова М-Нет