
Маката на децата со посебни потреби но и на нивните родители никако да завршат. Госпоѓа Ица е мајка на дете со посебни потреби. Откако пред два месеци нејзиниот сопруг починал таа продолжува самостојно да се грижи за двојата керќа Кристина. Ја носи во центарот за деца со посебни потреби во Штип, но ковид пандемијата речиси на минимум го сведе ова задоволство за овие деца. Како што вели госпоѓа Ица, нејзината керка Кристина задовлна оди и се враќа од центарот, а седењето дома го доживува со голем стрес.
За Кристина и загубата на нејзиниот родител претставуваше дополнителен стрес, кажа нејзината мајка, а и самостојното грижење на госпоѓа Ица за нејзината керка бара поголемо внимание и дополнитени обврски.
Госпоѓа Ица еднствено што бара е обезбедување на подобри услови во Цнетрите за деца со посебни потреби, за да биде сигурна дека нејзината керка но и сите останите дечиња со посебни потреби ќе бидат добро згрижени и ќе добиваат доволно внимание.
Доктор Марија Ралева, детски психијатар истакнува дека пандемијата дополнително ги ограничи децата со попреченост во нивниот развој, бидејќи тие имаат свој свет на живеење, и најмногу од се им е потребна комуникација, дружење и внимание.
За да помине корона пандемијата и децата со посебни потреби да имаат можност да се дружат, да комуницираат потребно е масовна имунизација, посочи доктор Ралева.
Лаура Стојанова М-Нет