Непочитувањето на термините за вакцина резултира со гужва пред вакциналниот пункт во Штип

Утринава пред капијата на салата „Јордан Мијалков“ во Штип можеше да се забележи зголемен број на граѓани кои чекаат ред за вакцинирање или ревакцинирање. Гужвата пред се се должеше на непочитување на закажаниот термин кои граѓаните не го почитуваат и доаѓаат или порано или со придружба.

„Гужвата ја создаваат самите граѓани кои не го почитуваат закажниот термин, или се појавуваат порано или подоцна за вакцинирање. Исто така често се случува да доаѓаат со придружба, со што се создава дополнителна гужва пред капијата на вакциналниот пункт, истакна Коцева.

Денеска по четири дена само ревакцинација во вакциналниот пункт во Штип, закажан термин имаа и 300 граѓани за прва доза вакцина од производителот „Фајзер“. Ревакцинатацијата тече со кинеската вакцина синофарм.

За денеска освен 300 пациенти кои беа пријавени за вакцинација со прва доза „Фајзер“, имаше и околу 1000 граѓани кои дојдоа за ревакцинација. Во меѓувреме имунизацијата тече непречено на сите пунктови низ државата. Според информации од министерството за здравство досега вкупно се аплицирани 304.904 дози вакцини, а ревакцинирани се 71.060 граѓани. Втора доза на вакцина од кинески синофарм вчера прими и Министерот за здравство Венко Филипче.

Лаура Стојанова М-Нет