
Одделот за Урологија при Клиничка болница Штип, деенска доби нов апарат за земање биопсија со помош на ехо за простата од Ротари кулбот во Штип. Овој клуб и претходно имаше свои донации во Клиничка болница Штип, но како што посочија ќе продолжат и понатаму.
„Помогнавме во опрема на болничка соба, помогнавме во почетокот на ковид кризата, помагаме и сега на Урологија и ова е продолжување на соработката со Урологија бидејќи тие ни помагаат на нас во месец ноември во организирање на настани поврзани со месецот на машкото здравје“ – кажа Љупчо Давчев од „Ротари клуб“ Штип.
Благодарност за донацијата упатија првиот човек на градот под Исарот, др. Сашко Николов, како и директорот на болницата Ален Георгијев.
Во месец ноември месецот на машкото здравје беше разгледана можноста да се донира ваков апарат на одделот за Урологија, а од денеска истиот е достапен и на Клиничка болница Штип.
„Ова е уште една нова воведена метода во Клиничка болница Штип, од големо значење за пациентите, ќе се намалат голем број на маки кои ги имаат со одење во Скопје“ – посочи урологот доктор Благој Здравев.
Месец ноември се одбележува како месец на машкото здравје, подигање на машката светс и по тој повод редовно се одржуваат предавања како во Штип така и во останатите оптшини во Истокот.
Лаура Стојанова М-Нет