
Вечерва во Скопје ќе се одигра финалниот натпревар во рамките од Купот на Македонија. На Националната арена „Тодор Проески“ со почеток во 19.00 часот силите ќе ги одмерат екипите на Академија Пандев од Струмица и на Силекс од Кратово. Струмичани се последните освојувачи на Купот откако пред две години го победија тимот на Македонија ЃП а Силекс пак чека шанса за нов триумф после 24 години откако успеаја во 1997 година да ја победат екипата на Слога Југомагнат.
Воедно во ФФМ е извршена ждрепката за бараж натпреварите за Прва лига кои ќе се одиграат на Националната арена “Тодор Проески“ и на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје. Средбата Ренова – Охрид ќе се одигра на тренинг центарот „Петар Милошевски“ а натпреварот Силекс – Тиквеш ќе се одигра на арената „Тодор Проески“. И двете средби ќе се одиграат во ист термин, односно во вторник 25 мај со почеток во 16.00 часот. Во случај на нерешен резултат, односно да нема победник во регуларните 90 минути, веднаш се преминува на пенал серија.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk