Борење: ЕП за Сениори до 23 г. во Скопје со учество на борачи од 35 држави

Вчера во Скопје во спортската сала „ Јане Сандански “ со свечен церемонијал и официјално започна Европското првенство во борење за Сениори до 23 години. Во мошне пријатен амбиент, со одлична организација најпрвин штипјанката Виолета Арсовска ја испеа химната на Република Македонија која беше поздравена од присутните официјални лица, но за жал поради пандемијата трибините останаа празни, без публика Потоа борачите, спортските работници и официјалните лица беа поздравени и пригодни беседи одржаа најкомпетентите личности на боречнкиот спорт во Македонија како и официјалниот делегат од европската боречка федерација.

Натпреварувачкиот дел не беше успешен за македонските борачи. Вкупно настапија десет борачи, при што деветмина загубија а беше извојувана само една победа. Членот на Балканец од Штип, Серхан Шаќиров во категорија до 74 кг. го победи албанскиот натпреварувач Аријан Данај со технички туш. Во втората борба против борач од Романија, Шаќиров започна одлично имаше водство на поени од 6:0 и 8:2 за да на крајот загуби со 13:12 притоа жалејќи се на повреда која го спречила да издржи до крајот.