Благој Бочварски се вакцинираше против Ковид 19 утринава во Штип

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, денеска се вакцинираше во вакциналниот пункт во Штип. Како и сите останати граѓани и тој чекаше да дојде неговиот ред за да седне на столче за вакцина. Тој ја прими првата доза од кинеската вакцина синофарм, истакнувајќи дека ова е добро и за него, но значи и заштита на населението.

„Денес го оставрив моето граѓанско право и должност и обврска да бидам овде во Штип на пунктот за вакцинација со цел да ја извршам оваа должност за моето здравје и здравјето на сите“ – кажа Бочварски.

Бочварски во оваа прилика истакна дека вакцинацијата во државата се одвива во најдобар ред. Во меѓувреме во салата „Јордан Мијалков“ во Штип се вакцинираат граѓани над 68 години кои имаат закажано термин преку вакцинација.мк, а од вчера започна имунизација и на вработените во приватниот сектори и хронично болните граѓани. Вакцинацијата се спроведува во една смена колку што работи вакциналниот пункт.

Лаура Стојанова М-Нет