За музика во живо ќе се почека уште две недели, останува на сила сегашниот полициски час

Полицискиот час кој е на сила сега од полноќ до 4 часот наутро останува уште две недели, информираат од Министерството за здравство. Утринава на состанокот на Кризниот штаб, е предложено да нема дополнителни олабавувања на рестрикции, односно сегашните да бидат на сила уште две недели. Угостителите бараа да нема органичувања на нивното работно време, да може да организираат поголеми прослави, со повеќе лица на маса, и да има жива музика. Воедно од среда полициски час требаше да нема. Меѓутоа, ова не е предложено од Кризниот шатб, а нема конкретно време кога ќе се одлучува за евентуално намалување на рестрикциите. Моментално во Македонија, покрај четири часовното ограничување на движењето, угостителските објкекти клуч на врата ставаат во 23:30 часот, на маса не може да седат повеќе од четири лица, а забрането е групирање и собирање. Задолжително е носење маска на отворен и затворен простор. Препораките остануваат исти, да се одржува дистанца и да се користи средство за дезинфекција. И покрај намалување на бројот на новозаразени лица од Ковид 19, како и намалување на притисокот врз болниците, а зголемување на бројката на имунизирани лица, музичарите ќе почекаат за свирки.

Лаура Стојанова М-Нет