
По викендот состојбата со ковид 19 во Источниот дел од државата стабилна. Нема драстично зголемување на хоспитализирани пациенти, ниту на починати. Во штипската Клиничка болница вкупно хоспитализирани се 33 пациенти од кои 28 во модуларната ковид болница и 5 на Инфективното одделение. 18 пациенти имаат потреба од кислородна поддршка, а слободни се 67 кревети, 18 во модуларната болница и 49 на Инфективното одделение без можност за кислородна поддршка. Во последните 24 часа примен е само еден нов пациент, а 3 се оздравени, истакна потпаролот на Клиничка болница Штип, Марина Шуманска. Едно лице ја изгубило битката со невидливиот непријател.
Стабилна сосотојбата и во Кочани. Вкупно хоспитализирани пациенти во модларната ковид болница се 15, од нив 7 имаат потреба од кислородна поддршка, а слободни се 18 кревети. Нема починато лице, посочи директорот на болницата, Александар Серафимв.
Сеуште се на сила мерките и протоколите за заштита од корона вирусот, носење заштитна маска, одржување на дистанца и користење на средство за дезинфекција.
Според информации од Министерството за здравство, досега во земјата се направени вкупно 756.480 тестирања на Ковид 19. Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 154.698, бројката на оздравени пациенти е 145.851, на починати е 5.211, а бројот на активни случаи изнесува 3.636.
Лаура Стојанова М-Нет