92 годишната баба Стоја од карбинското село Радање, сведок на војните и страдањето на македонскиот народ

92 годишната Стоја Постолова од карбинското село Радање е сведок на некогашните војни и страдање на македонскиот народ. Од прво до второ одделение одила во Српско училиште, а трето и четврто во Бугарско. Пред камерите на М-Нет телевизија таа истакна дека селата се палеле, селаните ѓинеле, а храната и добитокот им ги краделе. Баба Стоја додатно вели дека македонскиот народ многу претрпел, па затоа потребно е да си ја сакаме самата држава.

“Прво одделение одев во Српско, трето и четврто во Бугарско. Знам ја војната како што беше. Знам бугарите кога дојдоа и кога го нападнаа Штип, го изораа. Бугарско беше три години и тие беа многу лоши. Крадеа, ни го зедоа житото, ни го собраа говедата и стока што имавме.

Баба Стоја во сеќавање раскажа за времето кога германците го нападнале нивното село, па страдањето можеше да се воочи во нејзините очи.

Додека селата се палеле, селаните бегале каде умеат и знаат, а таа со нејзиното семејство избегале кон Кучица и Габер.

Она што понатаму останува е тоа колку во денешницата луѓето знаат да си ја сакаат и почитуваат државата, но и да си ја знаат својата историја.

Лаура Стојанова М-Нет