
Традиционално и оваа година ОК на ВМРО ДПМНЕ Штип организираше крводарителска акција по повод денешниот празник 23 Октомври. Одзивот на крводарители беше на задоволително ниво, а тоа го потврдува и бројката од собрани над 22 крвни единици до 11 часот. Крв даруваше и претседателот, Душко Иванов, кој ги повика граѓаните да даруваат и да спасат човечки живот.
„Традиционално како и секоја година се организира крводарителска акција по повод 23 Октомври. Мотото е „Дарувајте крв, бидете храбри“. Огромна благодарност до сите и сакам да и го честитам на граѓаните денешниот празник“ – вели Иванов.
Прекрасно е чувството кога дарувајќи крв помагате да спасите човечки живот, велат граѓаните кои денеска во просториите на ОК на ВМРО ДПМНЕ Штип, даруваа од скапоцената течност. Велат дека даруваат многупати до сега, а тоа им го препорачуваат и на сите кои се во можност.
Крводарителската акција се спроведе во соработка со Трансфузиона медицина Штип.
Лаура Стојанова М-Нет