87% од вработените во основните училишта во Штип вакцинирани, годинава запишани 464 првачиња

На ден пред почетокот на новата учебна 2021/22 година со физичко присуство училишните клупи во петте основни училишта во Штип ќе седнат 464 првачиња. Во основното училиште „Ванчо Прќе“ има запишано 142 првачиња, 75 во „Тошо Арсов“, 120 во „Димитар Влахов“, 82 во „Гоце Делчев“ и 40 во „Славејко Арсов“. За наставата со физичко присуство министерката за образование и наука Мила Царовска истакна дека е најпосакуваниот и најдобар модел на одвивање на наставата за учениците. Таа додаде дека за да нема несакани промени потребно е наставниот кадар но и сите вработени да бидат вакцинирани. Во Штип поголемиот дел од вработените во основните и средни училишта како и во градинките се вакцинирани, но има и персонал кои сеуште нема примено барем прва доза вакцина. Од 426 вработени во основните училишта во Штип вакцинирани се 371.

Во Ванчо Прке од 136 вработени вакциниран се 116, во Тошо Арсов од 81 вакцинирани се 74, идентична бројка како и во Димитар Влахов од вработени 83. Во основното училиште Гоце Делчев има вакцинирано 75 лица од вработени 83, а во Славејко Арсов 32 од вработени 43. 

Во средните училишта „Јане Сандански“, „Коле Нехтенин“ и „Славчо Стојменски“ од вработени вкупно 212 лица вакцинирани се 178. Останатиот дел вработени лица во средните и основни училишта не се вакцинирани заради оправдани причини, односно или заради здравствени причини или во моментот кога требало да се вакцинираат биле позитивни на корона вирусот, инофрмираа од кабинетот на градоначалникот.

Лаура Стојанова М-Нет