Горан Здравков: – „Целта е постигнавме,играчите покажаа карактер и освоивме шест бодови

Првите две кола се одиграа во втората лига – Исток а тимот на Каменица Саса покажа огромен карактер и оствари две победи. Во првиот меч на стадионот „Никола Мантов“ во Кочани екипата предводена од тренерот Горан Здравков одигра одлично и мошне ефикасно победувајќи ја екипата на Осогово со резултат 4:1. На свој терен Каменица Саса во второто коло ја победи екипата на Локомотива минимално, но сосема заслужено со резултат 1:0 освојувајќи 6 бода на првите два меча. Шефот на Стручниот штаб Горан Здравков специјално за Мнет ТВ ни изјави:

  • „ Исклучително сум задоволен од досега постигнатото, играчите покажаа карактер и дисциплинирано ги извршија поставените задачи. Честитки за нивната прикажана игра и за залагањето во освојувањето на првите 6 бодови кои навестуваат нов напредок на нашата екипа. Следи дво – неделна пауза која ќе ја искористеме за уште поуспешни подготовки бидејќи не очекува густ распоред и тешки искушенија за кои се надевам дека успешно ќе ги пребродиме и ќе покажеме уште поголем карактер и допадлива за око игра. Благодарност до сите оние кои го помагаат и милуваат клубот, раководството и пред се до верните навивачи кои претствуваат дванаесети играч и се вистински ветер во грбот на нашите играчи“ – изјави Горан Здравков.
  • Третото коло во ВМФЛ – Исток на програмата ќе биде на 11 септември во кое екипата на Каменица Саса ќе гостува на тимот на Победа во Прилеп.
  • Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk