79 години постоење одбележува ловечката федерација на Македонија, прославувањето почна од вчера

79 години постоење, одбележува ловечката федерација на Македонија. Со свечена академија во реновираната сала на Општина Штип синоќа почна одбележувањето на јубилејот во која имаше и изложба на ловечки експонати. На оваа свечена академија присутвуваа и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и министерот за земјоделство Цветан Трипуновски. Влатко Алексовски, претседателот на ловечката федерација рече дека за првпат организираат денови на македонското ловство, а Штип е избран бидејќи е град, кој е пристапен од сите страни.

Од денот на формирањето до денес поминал голем период, исполнет со многу турболенции и падови, но она што поминало, поминало и сега е битно што ќе се случува во иднина и сега. Еден од поголемите проблеми е што поголем број на ловишта се без корисник и се оставени на милост и немилост на ловокрадците, ние со министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство сме во постојано комуникација за разрешување на овој период, вели Алексовски.

Дека Штип е гостопримлив град, сведочи токму вчершната свечена академија на која што Градоначалникот на општината Јорданов, посебно горд што настанот се одбележува во градот под Исарот

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трипуновски во изјава за медиумите рече дека манифестацијата по повод 79 години од формирањето на Ловечката федерација ја поддржуваат и финансиски со 600.000 денари.

-Во делот на македонското ловство знаете дека сериозно работевме заедно со Ловечката федерација, во делот на измена на законот за ловство, со коишто се олеснуваат дел од процедурите и се допрецизираат некои работи, кои за жал во минатото не биле дефинирани. Законот е во собраниска процедура и очекувам наредните недела до две да помине и веќе ќе има можност да се објават и оние повици за ловиштата низ Македонија, а се со цел да ги ставиме во полна функција, рече Трипуновски.

На свечената академија синоќа беа доделени плакети и признанија на Здруженија и личности кои имаат придонесено за развојот на ловството.

Иван Митев, М-Нет