
Промената на температурите, врнежите од дожд – значат и присуство на крлежи. Ектопаразитите кои се се поприсутни овој период од годината преставуваат опасност за домашаните миленичиња. Ако не се третираат соодветно и навремено може да настане смрт кај домашното милениче, велат ветеринарите.
„Овде ги споменувам крлежите, болвите и сите други инсекти кои едноставно преставуваат закана за домашните миленици. Се работи за паразити кои вегетираат во надворешна површина, а се пренесуваат кај кучињата и мачките. Опасноста од ваквото пренесување на овие ектопаразити е голема, бидејќи знаат да направат животното да заврши летално, односно да умре“ – вели Митев.
Ветеринарите апелираат сопственците на домашни миленичиња навремено да ги заштитат, или да ги однесат во ветеринарна станица. За они кои чуваат овци и стоки потребно е да пријават, бидејќи третирањето на крлежите се прави на лице место.
„Апелот до сите сопственици на домашни миленичиња да преземат мерки за своите миленичиња кога се во прашање ектопаразитите. Нивната обврска е да се јават во ветеринарната станица, да добијат совет како да се третираат животните, да се зашититат.“ – додава Митев.
Крлежите се опасни мали паразити што често може да се закачат на домашните миленици, но и на човекот, без да ги забележите.
Тие се хранат со човечката и животинската крв, и пред да се закачат се мошне мали, а по неколку денови се зголемуваат.
Тие, пред сѐ, се опасни затоа што, доколку се заразени, ја пренесуваат лајмската болест – заболување што го напаѓа нервниот систем, кожата, коските и зглобовите, а доколку не се лекува навремено може да доведе и до инвалидитет.
Лаура Стојанова-Ќирчов, М-Нет