
Денеска продолжи судењето против 75 годишниот штипјанец Денис Асанов, кој ја уби и закопа во сопствениот двор 79 годишна Борјанка Николова. На денешното рочиште сведочеа нспектори од СВР Штип, кои работеле на истрагата, како и близок роднина на убиената.
„Во домот на обвинетиот беа пронајдени секира, мотика, тесла, и дрвена рачка, на кои имаше траги од крв. Анализите покажаа дека потекнуват од женско лице. Во бањата, ходникот и кујната, откриени се траги на човечко ткиво, а според вештачењето, телото било влечено од дневната соба кон бањата.”, изјава инспектор во СВР-Штип, кој сведочеше на денешното рочиште
Според обинителството, обвинетиот Асанов ја лишил од слобода Борјанка Николова, по што со остар предмет нож и ја пресекол главата и нозете, по што оштетената починала. Нозете и главата ги сокрил на непознато место, а трупот го закопал во дворот од куќата. Сведокот, Дона Огнанова, која воедно е сестра на оштетената, од судницата минатото рочиште рече дека Борјанка живеела кај нејзе, бидејќи немала семејство. Посочи дека речиси секој ден излегувала на прошетка, но секогаш се враќала за спиење. Последен пат кажа дека ја видела на крајот од септември, кога Николова се дотерала и и рекла да и повика такси, по што заминала. На ова добро се сеќава, бидејќи бил празникот Вера Надеж и Љубов. Откако исчезнала, неколку дена не можеле да ја пронајдат, по што братанецот на Дона Огнанова, кој денеска сведочеше од судницата, отишол кај обвинетиот, да го праша каде е Борјанка, а обвинетиот Денис Асанов, рекол дека таа му украла пари и алишта и избегала. Затревожени, Дона и братанецот продолжиле да ја бараат Борјанка по роднини во Радови и Виница, но никој не можел да каже каде е. На 24 октомври Дона пријавува во полиција. Од нејзе тие побарале непрани мајци од Борјанка , а од нејзе земале брис и отпечаток од рака. По краток временски период полицијата ја известува Дона дека сестра и е мртва и била закопана во дворот кај обвинетиот Денис Асанов и дека главата и нозете се пресечнени и ги нема. Трупот го однеле во Скопје, а потоа ја вратиле во лимен сандак без глава и нозе. Дона тврди дека таа и својата убиена сестра биле во добри односи, а обвинетиот Асанов не го знава и прв пат го погледа во очи на судницата.
Дополнително дворот бил целосно прекопан со механизација, но не биле пронајдени деловите од телото што недостигаат. Обвинетиот и денеска не призна вина. Според обвинението, убиството се случило во периодот од 6 октомври до 10 ноември минатата година, во домот на обвинетиот. При вршење родово базирано насилство со тврд предмет и нанел повеќе удари во пределот на градниот кош, крешејќи и осум ребра. Потоа телото го масакрирал, по што трупот го закопал во дворот од својот дом.
Иван Митев, М-Нет