Дејан Здравков нов директор на ООУ „Димитар Влахов“ Штип

Дејан Здравков е новиот директор на основното општинско училиште „Димитар Влахов“ во Штип. Здравков е дел од колективот на училиштето од 2004 година, каде што работел како одделенски наставник. Во текот на својата кариера, тој во два мандата ја извршувал функцијата заменик-директор, стекнувајќи значајно искуство во раководењето.

На директорската позиција доаѓа на местото на досегашната директорка, Невенка Величкова.

Од училиштето очекуваат континуитет во работата, но и нови иницијативи за унапредување на наставниот процес и условите за учениците. Од него се очекува посветена работа, со фокус на квалитетно образование и соработка со родителите и локалната заедница.

Иван Митев, М-Нет