66 пациенти се лекуваат во болнички услови од ковид во Кочани и Штип, починато едно лице

Ситуацијата со Ковид 19 во Источниот дел од државата повторно стабилна, односно држи статус – кво. Во изминатата недела дена, нема зголемување на бројот на новозаразени пациенти, а стабилен е и бројот на починати лица. Во штипската Клиничка болница хоспитализирани се вкупно 51 пациент од кои 35 во модуларната болница и 16 на Инфективното одделение. Во последните 24 часа приеми се 3 нови ковид пациенти, исто токлку се регистрирани како оздравени. 31 пациент имаат потреба од кислордна поддршка, а моментално слободни се 42 кревети, 12 во модуларната болница и 30 на Инфективното одделение без можност за кислородна поддршка, истакна потпаролот на Клиничка болница Штип, Марина Шуманска. Едне пациент во штипската Клиничка болница не ја преживеало битката со корона вирусот.

Во кочанската Општа болница хоспитализирани се 15 ковид пациенти, 10 имаат потреба од кислородна поддршка, а слободни се 20 кревети. Нема починато лице истакна директорот на болницата, Александар Серафимов.

Намалувањето на бројот на новоинфицирани лица и намалувањето на притисокот врз болниците, доведе до олабавување на рестриктивните мерки, но сеуште на сила се основните протоколи за заштита од невидливиот непријател.

Според информации од Министерствот за здравство досега во земјата се направени вкупно 745.471 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 154.372, бројката на оздравени пациенти е 139.266, на починати е 5.151, а бројот на активни случаи изнесува 9.955.

Лаура Стојанова М-Нет