
Денеска муслиманите го празнуваат Рамазан Бјарам. По едномесечниот пост и воздржување од храна и пијалоци од зора до зајдисонце утринава во 5 часот во сите џамии се служеше Бајрам – намаз. По завршувањето на молитвата верниците заминаа по своите домови, за да го прослават празникот. Празникот се слави три дена и почнува токму по завршувањето на постите, со што се означува крајот на месецот рамазан, во кој муслиманите постеа, односно не јадеа и не пиеја ништо од изгрејсонце до зајдисонце.
Тоа е деветтиот месец во исламскиот календар и го означува почетокот на објавата на светата книга за муслиманите, Куранот. Целта на Бајрамот е сите да се потсетат на сиромашните, на децата без родители и на осамените, но и да се најде начин да им се овозможи овој ден да го поминат достојно.
Хуманоста е една од главните димензии што го отсликуваат празникот.
Тоа, според толкувачите на исламот, е должност на секој муслиман за Бајрам.
И оваа година Рамазан Бајрам се прослави во време на пандемија, меѓутоа немаше никакви ограничувања исто како што беше и за христијанскиот празник Велигден. Со почитување на мерките и протоколите за заштита од ковид 19, верниците се молеа во џамиите.
Инаку, од вечерва продолжува полицискио час кој ќе започне од полноќ и ќе трае до 4 часот наутро.
Лаура Стојанова М-Нет