Со хуман гест пицерија Аквариум од Кочани нуди бесплатна храна за загрозените семејства.

Хуманоста во време на пандемија е најважното мото под кое можат да се водат сите. Човек на човек да помогне, значи да му да се даде шанса и на оној кој што ја нема да може да добие барем еден топол оброк во текот на денот. Таква е иницијативата и на пицеријата Аквариум од Кочани, која што нуди секој понеделник 2 пици и 2 пастрамајлии за 3 загрозени семејства.

Двосмисленоста која ја нуди оваа хуманитарна акција не значи  повреда на достоиноство на луѓето, вели Постоловски, потенцирајќи дека искрена е намерата да им се помогне на оние на кој им е најпотребо.

Не смеете да ја изгубите вербата во хуманоста. Хуманоста е океан, ако се земат неколку капки, нема и целиот океан да биде валкан, рекол Махатма Ганди. Хуманоста ја отсликува големината на еден човек и  доблеста на секој поединец.