
60 години од натпреварот во кошарка меѓу Текстилец од Штип и Црвена Ѕведа од Белград. Денес само тројца кошаркари од тогашниот состав на Текстилец сведочат за натпреварот кој со огромна возбуда се гледал од публиката во Штип, а се играл на спортскиот терен во денешниот двор на штипската гимназија.
„Морам да кажам дека тоа беше историски натпревар, со тоа го потврдивме почетокот на кошарката во Југославија“
Претседателот на иницијативниот одбор за развој на кошаркарскиот спорт, Тодор Рибарски за натпреварот пред 60 години вели Штип тие денови беше Европа во големо.
„ Штип тие денови беше Европа во големо, немаше овде ние што велиме штипјани игла каде да падне, празник на градот“
Настанот започна со едноминутен молк во чест на тогашните играчи на кошаркарскиот клуб Текстилец. Денес по 60 години, првиот човек на градот под Исарот, Иван Јорданов истакна дека кошарката и спортот треба да се негуваат, а Локалната самоупрва да придонесе во тоа. Согласен беше и пратеникот од редовите на ВМРО ДПМНЕ Никола Мицески.
„60 години од натпреварот меѓу Текстилец и Црвена Ѕвезда во нашиот град со што потврдуваме дека Штип има богата кошаркарска, спортска историј, која мора ние како Локална власт да ја негуваме“
На настанот симболично како пред 60 години Венко, Раде и Столе како живи сведоци уште еднаш се потсетија на времето кога кошаркарската топка беше нивни главен адут, а спортските терени втор дом.
Лаура Стојанова М-Нет