Над 80 лица во Штип се „невидливи“, без лични документи не можат да си ги остварат правата

Околу 60 лица на територијата на Општина Штип сѐ уште не се запишани во Законот за евидетирање на лицата во матичната книга за родени. Согласно Законот донесен 2018 година досега 20 лица се пријавиле како не евидентирани, а допонително ќе се работи и за останатите да може да добијат лични документи и со тоа да ги оставарат четирите основни права.

„Ние овие лица сме ги пронашле со јавен оглас во 2018 година. Јавниот оглас траеше десет месеци и беа повикани сите лица кои се наоѓаат на територијата на државата да дојдат до најблиската подрачна единица на Управата за водење на матични книги и да пополнат прашалник за причините зошто до сега не се евидентирани во матична книга“ – кажа Камбери.

Причините зошто овие лица не се евидентирани се распределени во осум категории и се најразлични. Но, факт е дека лицата со години живеат невидливо односно не се евидентирани дека се наоѓаат на пример на подрачјето на Штип. Попишувањето на Ромското население во Штип ќе помогне значително за пронаоѓање на ваквите лица.

„Во Штип најчесто се соочуваме со предизвикот и проблемот на лицата каде жителите на Општина Штип раѓањата ги имаат правено во други општини и поради нивната социо економска состојба не можат да отидат до управата“ – кажа Адемов.

Во иднина ќе се започне и со прокет со кој лицата кои ќе добијат лични документи, а немаат образование тоа да може да го сторат на повозрасни години, додаде Адемов.

Лаура Стојанова М-Нет