
Ставка за поправка, одржување и осветлување на меморијалните споменици од НОБ, ветуваат од коалицијата Одлучно за промени на ДОМ и ЛДП во новиот состав на советот. Денеска носителот на советничката листа на ДОМ ЛДП, Мартин Каровски истакна дека реставрацијата на спомениците во Штип е одговорност за споменот на жртвите и хероите.
„Како внук на партизанскиот борец Димитрија Каров чувствувам разочараност од состојбата во која се наоѓаат со децении меморијалните споменици на територијата на Општина Штип. Само во центарот на градот, спомен комплексот на Исарот од вандали е ишаран со графити, имињата на споменикот на холокаустот на штипските евреи се целосно покриени со измет од птици, спомен бистата на партизанот Милојко Пантелиќ кај стариот здравствен дом е укреадена. Со оглед на тоа дека општината со спогодба ја има преземено одговорноста, одржувањето и реставрацијата на меморијалните споменици од НОБ, советниците на коалицијата Одлучно за промени на ДОМ и ЛДП во новиот состав на Советот ќе бараат почнувајќи од Буџетот за 2022 година да има ставка за нивна поправка, одржување и осветлување“ – додаде Каровски.
НОБ е клучен дел од нашиот идентитет и борба за слобода и независност, а споменот на жртвите и хероите во најмала рака е наша одговорност, додаде Каровски.
Лаура Стојанова М-Нет