
Епидемологот Сузана Каракашева од Берово информира дека 57 лица на територијата на општина Берово се во самоизолавија и ниту едно од лицата, нема симптоми на КОВИД-19 корона вирусот.
Општина Берово апелира да се почитуваат мерките и препораките од Министерството за здравство и СЗО и да се избегнуват непотребни контакти и да се почитува Одлуката на Владата за забрана за собирање во група на повеќе од пет лица, во паркови и на други јавни места.