Повредена жена во село Карбинци

На 09.10.2020 година околу 06,00 часот во СВР Штип било пријавено дека на регионалниот пат во село Карбинци, непознато патничко возило удрило во пешак Н.П.(40) од село Карбинци. По незгодата, Н.П. била пренесена во Клиничка болница Штип каде и биле констатирани телесни повреди. По овластување на јавен обвинител увид на местото на настанот извршила увидна екипа од полициска станица Штип.