53–годишник од Штип приведен на ГП Табановце

На 10.07.2023 во 08.40 часот на Граничниот премин Табановце на влез во државата, при извршена пасошка контрола на Т.Т.(53) од Штип, било констатирано дека се барал по телеграма за издржување на казна затвор во Казнено-поправната установа Затвор Струмица, поради сторено кривично дело по чл.380 став 1 од Кривичниот законик. Тој бил лишен од слобода и предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.