Живина се уште се одгледува во населба Баби, надлежните велат овде ќе има згради

Неподнослива смрдеа се уште се шири низ населба Баби – реагираат граѓани кои живеат во овој дел од градот. Позади објективот на камерата велат декане можат да излезат на улица, а уште помалку во двор, бидејќи во нивна близина се одгледува живина и се шири неподнослива смрдеа.

Ова е проблем за кој жителите алармираа и претходната година овој период. Тогаш добија ветување од страна на надлежните дека проблемот ќе биде наминат, дека објектите ќе се итстранат и дека на тој потег ќе се создаде нова индустриска зона. Ама до денеска од ветувањето нема ништо, живина се уште се одгледува на овој потег.

По реакциите на граѓаните повторно се обративме до надлежните во Општина Штип.

Комуналниот инспектор Борче Везенков е запознаен со случајот ама вели откако парцелите ќе почнат да се продаваат тогаш тие ќе настапат со отстранување на поставените објкети.

„За проблемот дискутиравме и претходната година. Има налог од општината за отстранување на овие објекти, ама на колегиум донесивме одлука согласно која се чека нацрт од Урбанизам за да знаеме колку парцели се и кога ќе почнат истите да се продаваат. Кога ќе имаме информации дека парцелите се ставени на продажба тогаш ние ќе излеземе на терен и ќе ги отсраниме бесправно поставените објекти во кои денеска граѓаните одгледуваат живина. На овој потег ќе се градат индивидуални станбени објекти за домување“ – истакна Везенков во телефонски разговор за М-Нет телевизија.

Овој простор претходно не беше ставен во Деталниот урбанистички план. Од Урбанизам посочија дека во моментот се работи на нов ДУП за домување во населба Баби. Ама посочија дека тоа не е предвидено во програмата за оваа година.

Минатата година кога се алармираше проблемот од општината посочија дека во овој дел од градот не е дозволено да се чува живина и стока, и дека граѓаните кои имаат поставено објекти ќе мора да ги отстранат оти истите не може да бидат легализирани.

Лаура Стојанова М-Нет