51-годишник од Штип тешко повреден при извршување работни задачи во фабрика

На 04.04.2023 во 22.50 часот во Полициската станица Штип било пријавено дека во Клиничката болница Штип со тешка телесна повреда бил донесен Т.А.(51) од Штип. Според пријавеното, тој се здобил со повредата при извршување работни задачи во фабрика во Штип. Се работи на расчистување на случајот.