
49 „Марш на ангелите“ оваа среда во Кочани, навршуваат точно 18 месеци од трагедијата која одзеде 63 животи. Родителите на загинатите повикаа повторно на масовно присуство на маршот, кој ќе започне во 17:05 часот од Паркот на Револуцијата. Преку нивното здружение тие денеска потестија дека со коментари на социјалните мрежо, не се гради подобро Кочани, ниту подобра иднина.
Таа додаваат оти се гради со присуство, солидарност и со подготвеност како заедница да застанат сите едни покрај други кога тоа е најпотребно.
Со коментари по Фејсбук не се гради подобро Кочани, ниту подобра иднина. Таа се гради со присуство, солидарност и со подготвеност како заедница да застанеме едни покрај други кога тоа е најпотребно. На 16 септември, застанете до семејствата.ттаму заедно го започнуваме 48. Марш на ангелите. Дојдете и чекорете со нас. Не заради нас, заради нив, заради нашите 63 ангели. И заради Кочани што мора да биде подобро и побезбедно за генерациите што доаѓаат.“, велат од здружението 16 март 2025 Кочани
Инаку во трагедијата, која се случи во дискотеката Пулс во Кочани, животот згасна за 63 лица, а околу 200 беа повредени и однесе на лекување во и надвор од државата. Родителите на загината, на повредените, нивни блиски роднини, пријатели, граѓани на Кочани од тогаш до сега мреку марш ја бараат правдата за овие невини лица. Судењето е се уште во тек.
Иван Митев, М-Нет